Една жена загина на автопат во Баварија, откако испаднала од автомобилот обидувајќи се да премине во задниот дел од автомобилот, до своето бебе.
Германската полиција соопшти дека мајката (28) била на совозачкото седиште во патничко возило и испаднала од автомобилот, обидувајќи се да премине меѓу двете предни седишта до задниот дел на возилото за да стигне до бебето, кое има само неколку месеци.
Полицијата соопшти дека автомобилот го управувал нејзиниот сопруг и, откако жената испаднала од возилото, застанал, пренесува АП.
Не е јасно дали вратата не била добро затворена или некако се отворила додека жената се обидувала да премине на задниот дел.