Милионерката Парис Хилтон откри дека била убедена дека е асексуална во своите 20-ти и дека ја доведувала во прашање нејзината сексуалност додека не го запознала својот сопруг Картер Ром.
„Бев позната како секс симбол, но сè што беше сексуално ме ужаснуваше. Сакав само да се бакнувам, ништо повеќе. Многу од моите врски пропаднаа поради тоа”, објасни 42-годишната наследничка на империјата на хотелот Хилтон во интервју за „Harper’s Bazaar“.
Сепак, сè се променило кога Парис го запозна Картер на собирот на семејните пријатели на Денот на благодарноста во 2019-та година.
„Не е славен, паметен е, доаѓа од убаво семејство, добра личност е. Беше спротивно од она на што навикнав додека барав партнери“, признала Парис.
„Се чувствувам како конечно да го добивам она што го заслужувам по пеколот низ којшто поминав, а тоа е некој кому можам да му верувам и некој со кој ќе градам вистински живот“, додала наследничката и претприемачка.
Парот се венчаше во 2021 година, а минатиот месец го добија своето прво заедничко дете, синот којшто целосно ја сменил нејзината перспектива.
„Повеќе ме интересира бебето отколку милијардите“, се пошегувала таа додека истакнала колку љубов чувствува кон него.