Сузана Манчиќ, позната како „лото девојка“, проговорила за приватните порно снимки кои и го смениле животот. Манчиќ рекла дека тогаш прв пат во животот и паднало на памет да се самоубие и дека тоа и бил најлошиот период во животот.
– Па, првпат во животот ми падна на памет да се убијам, не да се убијам, туку да ме нема. Да се разбудам за 20 години, но секако животот продолжува. Ќе се исплачеш, ќе кукаш и врескаш да не те види никој и креваш глава, длабоко вдишуваш и зачекоруваш на улицата каде што те очекуваат разни непријатни изненадувања. Тоа е зад мене, ете човек да знае каде ќе падне би легнал. Кога го прашале Черчил на што се должи неговата долговечност, тој рекол дека кога и да има прилика да седне легнувал, вели Сузана.
Водителката истакнала дека е среќна што сите останале нормални по тој голем инцидент.
– Доста беше плачење. Имам две деца. Сега можам да кажам фала му на Бога што сите останавме нормални и што сето тоа го преживеавме. Дека беше лесно, не беше. Дека беше одвратно, беше. Дека никогаш нема да дознаам кој ми го направи тоа, нема да дознаам, признала Сузана.