Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се смирија. Славниот пар нема да се разведува, како што беше објавено во август.
76-годишниот актер и 54-годишниот поранешен модел беа фотографирани од папараците додека чекореа во Менхетн насмеани и фатени под рака.
Сталоне и Флавин успеаа да ги решат несогласувањата и да му дадат уште една шанса на нивниот брак кој трае 25 години.