„На 28 февруари, Соединетите Држави покренаа тужба барајќи заминување на руски разузнавач кој работел во ОН и го злоупотребил своето право да престојува во САД“, рече портпаролката на американската мисија, во екот на руската војна во Украина.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик го потврди барањето на САД на дневната прес-конференција. Тој одби да даде детали за работата на вработениот, да го открие неговиот пол и да каже дали работи за генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на 38-ми кат од стаклената зграда на Менхетен каде што се неговите канцеларии.
Стефан Дужарик рече дека дотичниот работи во „секретаријатот“ на ОН и дека поради правото на лична приватност и „чувствителност“ на случајот не може да даде друг коментар.
Уште во понеделникот, САД одлучија да протераат дванаесет членови на руската дипломатска делегација во ОН до 7 март под обвинение за „шпионажа“.
„Тоа е знак на непријателство кон нашата земја“, рече рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов во објава на Фејсбук, додавајќи дека потегот на американската администрација е „крајно разочарувачки“ и Москва „воопшто не го прифаќа“.