Роберт Дацешин, еден од патописците којшто честопати воодушевува со интересните снимки на социјалните мрежи, неодамна се јави од Алжир, одличната дестинација со поволни места кои нудат голем број различни содржини, а без преголем број туристи.
„Тука на пример можете да ја испиете едното од најевтините кафиња во светот коешто ќе го платите околу 30 центи, а притоа ќе уживате во погледот на џамија стара повеќе од илјада години“, вели патописецот.
„Југоисточна Азија е синоним за евтини патувања, но мислам дека Алжир и Иран се најевтините места коишто ги имаат посетено во скоро време. Почнувајќи од цените на ручекот коишто се движат од три до четири евра, кафето и чајот чинат околу 0,30 евра, додека пак возењето со такси десетици километри ќе ве чини од два до три евра, а притоа влезот во речиси сите атракции во градот Алжир се бесплатни“, раскажува Роберт.
„Ако е Алжир земјата во којашто многу може да се почувствува француското влијание, почнувајќи од архитектурата, храната па сè до францускиот јазик, којшто тука е подоминантен дури и од арапскиот којшто е службен јазик, меѓутоа можам да кажам дека градот Оран е „најфранцускиот“ град во Алжир.
Овој град го добил прекарот „Париз во Африка“, и претставува место во коешто на еден невообичаен начин се спојува француската архитектура со примеси од ориентален стил, а сето тоа навистина изгледа привлечно и убаво“, вели Дацешин.
Роберт исто така препорачува да се посетат и местата „Grand Post“ и „Palais de la Culture“ коишто се наоѓаат во стариот дел од градот познат како „Kazba“.
„Она што е најдоброто од сè е дека воопшто нема туристи. Имено, не паметам дека во скоро време бев во земја со толку голема историја, а којашто речиси никој не ја посетуваше во изминатите пет денови откако сум тука, и не сум сигурен дека имам видено барем еден турист“, вели Роберт.
„Поради тоа доколку размислувате да отпатувате на некоја егзотична и „дива“ дестинација којашто не ја зафатил ниту грам од масовниот туризам, Алжир може да биде супер опција“, објави Дацешин на социјалните мрежи.