Поранешната сопруга на рускиот милијардер и газда на Челзи, Роман Абрамовиќ, Дарија Жукова (38) се омажи за богатиот грчки наследник Ставрос Ниаркос 24 часа пред најавениот термин. Елитната венчавка се одржа во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Венчавката чинеше фантастични 6.5 милиони долар во хотелот “Кулм“ кој е во сопстевеност на семејството на младоженецот. Хотелот има поглед кон езерото и алпите. Интересно е што Дарија и Ставрос се венчаа уште минатата година во Париз, но официјалната церемонија се одржа викендов.
Русинката судбоносното „да“ го изговори пред 300 гости од светот на шоу-бизнисот, спортот, културата и политиката. На венчавката, помеѓу останатите, се најдоа принцезата Беатриса, Дејвид Бекам, глумиците Гвинет Палтроу, Кејт Хадсон и Сара Фостер, моделот Кели Сојер, креаторите Џејми Музрах и Џен Мејер, потоа Иванка Трамп со сопругот Џеред Кушнер…Гостите ги забавуваше ди-џеј Марк Ронсон.
Интересно е што од венчавката во јавноста излезе само една фотографија како двојката влегува во автомобилот.