Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радиото Канал 77 објасни дека Орце Камчев не е осомничен за давање поткуп, бидејќи со пријавување на случајот тој се ослободува од одговорност.
-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но – доколку тој го пријавил, тогаш се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата одеше нагоре, но за тоа немавме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО. Затоа и вршевме и толку проверки, – рече Русковска.