Фудбалерот на московски Локомотив, 29-годишниот Фјодор Смолов ја запросил својата девојка, 17-годишната Марија Јумашева. Фудбалерот и тинејџерката, која е внука на поранешниот руски претседател, Борис Елцин се во врска некое време.
Парот планира да се венча на островот Сант Барт на Карибите кога Марија ќе наполни 18 години.
Инаку, Фјодор Смолов кој во Русија го сметаат за голем плејбој порано беше во врска со манекенката и тв водителка, Викторија Лупирева, а руските медиуми шпекулираа и дека тие биле и венчани. Парот се раздели во 2015 година.