Турскиот портал ДХА наведува дека во неделата околу 08:30 часот дошло до конфликт меѓу рускиот државјанин Вјачеслав Нечипорук (40) и четворица локални жители во туристичкото место Таксим.
Напаѓачите наводно се обиделе да му го одземат телефонот на рускиот турист.
На социјалните мрежи се појави видео од нападот. Тепачката ја забележале жители на улицата и случајни минувачи. Еден од нив, Хусеин Јорулмаз, кој го видел инцидентот и притрчал да му помогне на туристот, за локалните медиуми изјавил дека напаѓачот имал нож во раката.
Beyoğlu'nda kan donduran olay. İstanbul'u gezmeye gelen Rus turist, dört şahıs tarafından sokak ortasında bıçaklanarak öldürüldü.
— Aykırı (@aykiricomtr) June 12, 2023
„Видовме човек од спротивната страна на улицата. Во раката имаше нож“, рекол Турчинот.
Тој додава дека немало спас за туристот кога се обиделе да му пружат прва помош.
Брза помош го однела човекот во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Полициската управа на Истанбул го потврди инцидентот и соопшти дека двајца осомничени веќе се приведени. Се бараат уште двајца. Одделот за безбедност во Истанбул веќе ги обвини уапсените за убиство со умисла и поднесе тужба до судот.