Рускиот амбасадор во БиХ Игор Калабухов зборуваше за плановите на одредени структури во БиХ за влез во НАТО.
„Не ни пречи да влезете во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Одлучете сами. Тоа е како маѓепсан круг, веќе реков… Да речеме дека БиХ стана членка на НАТО, а Брисел одлучи да постави нуклеарни ракети насочени кон Москва. Ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа мислам дека излезот мора да биде европскиот систем, а не НАТО“, рече Калабухов.
На прашањето зошто на Русија „не и пречат“ околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори: „Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“.
Што се однесува до плановите на Русија против Хрватска, Калабухов рече дека тие имаат планови против НАТО.
„Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме“, изјави Калабухов за Фејсбук ТВ.