Испораките на рускиот лек „авифавир“, кој ќе се користи за третман на Ковид-19, би можеле да започнат на 11 јуни, соопштил рускиот Фонд за директни инвестиции.
Овој лек нема да го има во слободна продажба и ќе се користи само под надзор на медицински персонал, пишува московска „Известија“, а пренесе Тас.
Како што соопштил Фондот, подготовката, наводно, ќе биде доставена во болниците во Русија на 11 јуни, а веќе се произведени 18.000 пакувања.
Вкупниот производствен капацитет е 60.000 пакувања месечно, односно 720.000 пакувања годишно, а лекот бил одобрен од руското Министерство за здравство и е вклучен во државниот регистар на лекови, пренесува Тас.