РУСКИОТ ЕПИДЕМИОЛОГ СОВЕТУВA КАКО ЗДРАВО ДА ЈА ПОМИНЕТА ИЗОЛАЦИЈАТА

by Тони Зографски

Рускиот специјалист за инфективни болести Илја Акинфиев во интервју за телевизијата „Звезда“ објасни дека лековите за поддршка или јакнење на имунитетот се користат само за лекување на болести, а употребата на лекови за превенција на акутни респираторни вирусни инфекции, кои се продаваат во аптеките, најчесто се маркетиншки трик.

За време на самоизолација за да се одржи имунитетот, потребно е често да се проветрува собата. Акинфиев ја истакна важноста на здравиот сон за кој е потребен удобен кревет и душек, како и правилно осветлување.

Исто така важна е и правилната исхрана. Лекарот советува да се зголеми употребата на овошје и зеленчук во исхраната. Покрај тоа, треба да се биде физички активен и за време на карантин, да се избегнува долго седење на кауч или лежење на кревет.

“Тоа може да ги влоши хроничните болести и да го влоши имунитетот“, нагласува лекарот.

Инаку, психолозите мораале да се вклучат во борбата против пандемијата. Постојаниот придружник на КОВИД-19 беше апсурдна хистерија. Лажните информации се шират со брзина на молња.
„Еве препорака: обидете се, дури и присилно, да го ограничите вашиот престој на социјалните медиуми.
Ако се чувствувате премногу вознемирено, намалете го читањето на вести за коронавирусот“, објаснил социјалниот психолог Алексеј Рошин.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com