Познатиот руски онколог Волф Ласкин објаснува дека природните лековити рецепти се најдобри природни имуномодулатори и онкопротектори. Ласкин вели дека ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и воедно да направите „штит“ против заразните и онколошки болести.
Ласкин тврди дека ренот е растение број еден за имунитетниот систем. Ренот е “имуно бомба“ и моќен „сојузник“ во превенција и третман на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Секојдневните инхалации на рен, се многу ефикасни за нашите бели дробови.
Рецептот е едноставен. Изрендајте го коренот што е можно поситно и вдишувајте неколку минути, додека не почнат да ви солзат очите.
Можете да си приготвите и чај од рен за посилен имунитет. Изрендајте два корени од рен во два литра вода и варете на тивок оган околу пет минути. Почекајте да се олади, а потоа додадете мед. Пијте 1/3 шолја од чајот двапати на ден.