Рускиот астролог Јулија Николаева го издвоила најнесреќниот и најпредизвикувачкиот месец за секој знак од Зодијакот во годината што претстои, односно 2024 година.
Доколку верувате во ѕвездите, тогаш прочитајте за кој период од годината вам ви го подготвиле најтешкиот период и навреме подгответе се за ударите на судбината. Се чини дека февруари и март ќе бидат особено неповолни!
Овен
Во јули би требало да бидете внимателни, особено кога станува збор за комуникацијата во личните односи. Секое несогласување може да доведе до сериозни проблеми. Обидете се да избегнете конфликти во овој период.
Бик
Низа неуспеси ќе паднат на грбот на Бикот дури на крајот на наредната година, односно во декември 2024 година. Мора да посветите повеќе време на себеси како би имале емоционална и ментална сила да ги надминете тешкотиите. Доколку не го направите тоа, негативната енергија ќе ви го обои целиот декември во 2024 година.
Близнаци
Неуспехот доаѓа на почетокот на летото, односно во јуни. За жал, проблемите ќе ви станат постојан придружник во речиси сите области, на работа и во комуникацијата со партнерот и пријателите. Ќе мора повеќе да размислувате за своите постапки и зборови, бидејќи невниманието може да доведе до огромни последици.
Рак
Најтешкиот период за овој знак следи во март, ќе се соочите со суровата реалност која не е секогаш пријатна. Важно е внимателно да размислите за сè што преземате.
Лав
Април ќе биде најнесреќниот месец, но можете да се изборите со неволјите доколку им посветите доволно време. Посебно внимание обрнете на финансиските вложувања, тука може да наидете на проблеми.
Бидете претпазливи и внимателни кон вашата друга половина.
Девица
Овој знак нема да има проблеми со кариерата или финансиите, но август ќе биде многу тежок за нив кога е во прашање романтичната сфера. Вреди да размислите повеќе како за своето, така и за партнеровото однесување.
Вага
Тешкотиите ќе почнат да ве опкружуваат веќе во февруари 2024 година. Тие нема да се појавуваат поради надворешните околности, туку ќе бидат концентрирани во вас самите. Важно е да ја слушате својата интуиција и да не создавате проблеми таму каде што ги нема.
Скорпија
Јули ќе биде особено тежок за Скорпиите. Неуспесите можеби ќе изгледаат толку големи што ќе сакате да се откажете и да дозволите работите да тргнат по својот тек. Меѓутоа, не очајувајте, и слободно обратете се кај блиските роднини или пријатели за помош.
Стрелец
Септември е многу лош месец за Стрелците. Можеби ќе одлучите да се откажете од целта на која сте работеле долго време, мислејќи дека е бесмислена. Меѓутоа, не е! Продолжете да се обидувате и не се откажувајте, на крајот ќе успеете.
Јарец
Февруари ќе биде несреќен месец не само за Вагите, туку и за Јарците. Потребно е да се посвети поголемо внимание при возење или одење на пат, како би се избегнале потенцијални несреќи.
Дополнително, во февруари ви се заканува опасност да бидете жестоко изманипулирани.
Водолија
Мај ќе биде најтешкиот месец за Водолиите. Може да се случи да се нарушат сите планови на кои сте работеле долго време.
Риба
Март ќе биде многу непријатен и тежок за Рибите. Во овој период доаѓа до финансиски загуби поради импулсивни одлуки. Можеби некои можности за вложување ви делуваат привлечно, но почекајте момент за поуспешен период.