На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути, Олга Скабеева и пратеникот во Думата, Алексеј Журављов, презентираа за колку секунди руската интерконтинентална балистичка ракета треба да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои ја снабдуваат со оружје Украина.
„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави. Русија неодамна успешно тестираше ракета која во круговите на НАТО го има озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син.
– Еден „Сармат“ и толку – Британските острови постојат, Британските острови повеќе не постојат. Сериозен сум – рече Журавлев, пренесува порталот Правда.
Пратеникот од Думата, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.
„Никогаш не кажувај никогаш“, одговори Журавлев.
„Ќе почнеме од почеток“, коментира Скабеева. Таа изјави дека времето на летот на „Сармат“ од Калининград до Берлин е 106 секунди, од Калининград до Париз – 200 секунди, а до Лондон – 202 секунди.
Russian TV keeps threatening nuclear strikes against Western nations, desperately trying to deter them from continuing to help Ukraine. On a side note, this is the first state TV host who doesn't seem to be eager to die for the Motherland, arguing with a trigger-happy lawmaker. pic.twitter.com/PBvBP5V1lk
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) April 28, 2022