Се претпоставува дека смртта е поради пад од осми кат, од нејзиниот стан, а Викторија им подлегнала на повредите на самото место. Кога пристигнала медицинската екипа само констатирала смрт, без да може нешто да преземе.
Викторија Дивак беше ракометарка на Астрахaночка, своевремена јуниорска репрезентативка на Русија, која стигна до европското злато во оваа возрасна категорија. Нејзината смрт дошла како шок и мистерија за сите од клубот, бидејќи не постоело ништо што го најаувало тоа.
„Сите сме во шок. Никој не сфаќа што се случило. Околу 11 часот сподели фотографија со пријателите, покажувајќи дека купила нова мачка. Само неколку часа подоцна таа беше мртва. Никоја не може да сфати што се случило меѓу 11 и 14 часот. Ова е голема катастрофа“, вели Алексеј Алексеев, тренерот на Астраханочка.
Истрагата на полицијата сè уште немала никакви наоди околу можните причини за смртта.