Галина Федорова (32) е пронајдена мртва откако наводно таа и Ев Тарановс застанале за да пливаат додека оделе на далечен остров во Сардинија поради фотосесија со изнајмен чамец на надувување.
Гуменот чамец, кој наводно бил полн со шишиња алкохол, се одвоил од сидрото додека пливале и струјата го однела кон карпестиот гребен, пренесе „Сан“.
Тарановс рече дека и двајцата пливале кон чамецот, но дека набрзо ја изгубил Галина од вид.
Крајбрежната стража набрзо после тоа го пронашла нејзиното тело.
Полицијата потоа го испраша фотографот, кој претходно на Инстаграм зборувал за патувањето од рајот, и го заплени дронот кој се користел во снимањето.
Извори од италијанската полиција соопштија дека од снимките од дронот се гледа дека трагедијата се случила во близина на полигонот на НАТО.
„Мора да бидеме сигурни дека задачата не била покритие за шпионска мисија“, се додава во соопштението.
Обдукцијата покажала дека моделот се удавил.
Федорова, која е родена во Москва, позираше и за Плејбој.