Во вторникот во Кан беше одржана „Елвис“ забава на која присуствувале многу славни лица, а помеѓу нив најголемо внимание привлекла манекенката од Русија, Наташа Поли.
Всушност, кога ќе видите што носела на себе, воопшто нема да ве зачуди фактот дека сите погледи биле свртени само кон неа.
Славната Русинка се појавила на настанот во огненоцрвен долг фустан кој бил прекриен со светкави детали во иста боја, кој на прв поглед не изгледа воопшто спектакуларно или поинакво од другите фустани кои познатите жени ги прошетаа овие денови низ Кан.
Таа ја надополнила креацијата со црни салонки со висока потпетица, залижана коса и дискретна шминка.
Наташа Поли е инаку една од најуспешните руски манекенки, а се проценува дека е „тешка“ околу 14 милиони долари. Богатството го стекнала преку професионалната кариера на манекенка, но и преку социјалните мрежи.