Извршната директорка и потпретседателка на Loko-Bank, Кристина Бајкова (28), почина откако наводно паднала од прозорецот на стан на булеварот „Ходински“ во центарот на Москва.
Бајкова, паднала од нејзиниот стан на 11. спрат на булеварот Ходински во раните утрински часови минатиот петок. Умрела на лице место.
Кога се случил инцидентот, таа била со пријател, кого го поканила дома на пијачка.
Започната е истрага за нејзината смрт.
Ова е само една од низата мистериозни смртни случаи што се случија во Русија од почетокот на агресијата против Украина.
Минатата година нафтениот магнат Равил Маганов почина откако „падна од болнички прозорец“. 64-годишниот Маганов беше претседател на управниот одбор на рускиот нафтен гигант Лукоил, компанија која отворено ја критикуваше инвазијата на Путин на Украина.
Тој почина откако падна од прозорецот на шестиот кат на Централната клиничка болница во Москва во септември 2022 година.