Руската манекенка Грета Ведлер која го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин е убиена. Таа изјави дека Путин е психопат.
Нејзиното поранешно момче Дмитри Коровин, призна дека ја задавил, пишува Daily Mail. Коровин признал дека ја задавил во Москва, по караница околу пари. Нејзината смрт не е поврзана со нејзините политички ставови и анализи за Путин.
Пред полицијата тој признал дека три ноќи спиел во хотелска соба со нејзиното тело, кое го ставил во куфер. Потоа куферот го ставил во автомобил и таму го оставил цела година. На социјалните мрежи константно објавувал фотографии и пораки од манекенката, за нејзините пријатели да веруваат дека е жива.
Манекенката пред една година изразила загриженост поради желбата на Путин за создавање поголема Русија, како и поради гушење на протестите во таа земја.