Руската вакцина против коронавирус покажува ефикасност и сигурност, еднаква на карактеристиките на автоматската пушка Калашников, изјави водечкиот инфектолог на Медицинскиот универзитет во Виена, Флоријан Талхамер.
„Спутник V е како автоматската пушка Калашников: едноставен и ефикасен. Охрабрувачките податоци беа објавени во многу угледно списание – иако доцна, но сепак беа направени. За време на првата и втората вакцинација се користат различни вирусни вектори, што ја зголемува ефикасноста“, рече професорот во интервју за Kronen Zeitung, коментирајќи ја руската вакцина, која сè уште не е пристигната во Австрија.
Истовремено, австриската влада веќе го разгледува барањето на официјална МоскваСпутник V да се произведува во австриските фабрики, додека канцеларот пак, Себастијан Курц истакна дека е подготвен да се вакцинира со руската или кинеската вакцина ако Европската Унија, односно Агенцијата за лекови (ЕМА) даде зелено светло.
Инаку, престижното научно списание Lanset претходно објави дека ефективноста на вакцината е 91,6 проценти, кај волонтерите постари од 60 години, е 91,8 проценти. Антитела на коронавирусот по вакцинирањето со „Спутник V“ се пронајдени кај 98 проценти од волонтерите.