Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Русија од 30-28 во разигрувањето од 13 до 16 место на Мундијалот во Германија и Данска. Без мотив македонските ракометари ги повторија грешките од првата фаза, одиграa лошо „седум на шест“, правеa технички грешки, имаa осцилации во играта, пред се во првите 30 минути, па утре од 13 часот, црвено-жолтите ќе се борат за 15-та позиција со поразениот од дуелот Катар – Чиле.
Лазаров со девет голови беше наш најдобар стрелец, Жарко Пешевски даде пет, додека Гоце Георгиевски и Филип Талески погодија по четири. Кај Русите Житников даде 8 голови.