Во Русија се случи голема трагедија каде животот го загубија светската рекордерка во мотоциклизам Татјана Игушина и автомобилистот Иван Курбенбин. Тие настрадаа кога поради преголема брзина изгубиле контрола над Порше 911 и се забиле во столб.
Во извештајот на полицијата се наведува дека возачот дал гас до крај, но не успеал да сопре навреме. По ударот возилото се запалило, а тие изгореле на лице место. Се уште не се знае дали биле под дејство на алкохол, но и кој го возел Поршето.
Иван Куренбин е познат автомобилист во Русија, имаше 36 години и е син на Владимир Куренбин,поранешниот шампион на СССР во уметничко лизгање.
Татјана Игушина исто така беше позната личност, имаше 32 години и беше светска рекордерка во патување со мотоцикл низ светот. За 18 дена таа поминала дури 25.000 километри.