Откако Обединетото Кралство го авторизираше првиот орален антивирусен лек против ковид-19 молнупиравир за лекување на благи до умерени симптоми на ковид-19, Русија во неделата соопшти дека очекува слични два лека против коронавирусот да бидат одобрени до крајот на следната година, по клиничките испитувања.
Актиковид-лек базиран на антитела развиен од рускиот центар Гамалеја би можел да биде регистриран за три до пет месеци, изјави вчера заменикот на Центарот за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Денис Логунов.
„Центарот Гамалеја се фокусира на две насоки. Едната е работа со моноклонални антитела“, рече Логунов, пренесува ТАСС.
Тој оцени дека медицината е на „високо ниво на подготвеност“.
„Наскоро ќе почнеме клинички испитувања. Се надевам дека ќе ја добиеме дозволата во јануари и дека ќе биде регистрирана во рок од три до пет месеци“, додаде Логунов.
Центарот Гамалеја ја направи руската вакцина Спутник V.