Русија им забрани на авиокомпаниите од Бугарија, Полска и Чешка да летаат над нејзина територија како одговор на непријателските потези на тие земји, соопшти Росавијација.
Оваа одлука е веќе стапена во сила и се однесува на сите авиокомпании од тие земји или се регистрирани во нив.
„Оваа одлука е донесена во согласност со нормите на меѓународното право како одговор на забраната за летови на нашите авиони“, се додава во соопштението.
„Росавиација“ наведува и дека летовите од тие земји над територијата на Русија во иднина може да се вршат исклучиво со дозвола на руската агенција за контрола на летови или Министерството за надворешни работи.
Да потсетиме, Полска од полноќ го затвори воздушниот простор за руските авиокомпании, а по таа земја истото го направија и Чешка и Бугарија.