Руски трупи го убиле началникот на Хостомел Јуриј Прилипко и двајца негови соработници додека делеле хуманитарна помош.
„Поглаварот на заедницата Хостомел, Јуриј Илич Прилипко, беше убиен додека делеше леб на гладните, лекови на болните и ги тешеше ранетите. За тоа време окупаторите го убија заедно со неговите другари“, соопшти локалниот совет.
Прилипко не бил должен да им помага на луѓето, но сепак го направил тоа.
„Луѓето го чекаа, видоа надеж во него, веруваа во него. Така го направи својот избор. Загина за заедницата, умре за Хостомел, умре како херој. Вечен спомен и нашата благодарност“, додаде Советот.
Како што е соопштено, украинскиот претседател Володимир Зеленски му ја додели титулата град херој на шест украински градови и населени места, вклучувајќи го и Хостомел.