Експлозија на метан се случи во рудникот Соко во Сокобања. Како што објави Новости, дваесетина рудари останале заробени во окното. Во тек е спасувачка операција, а досега се извлечени десет рудари.
Неофицијално има осум загинати рудари, а се стравува дека бројот може да се зголеми.
Од Брзата помош во Алексинац за српските медиуми потврдиле дека испратиле четири екипи за да им помогнат на повредените.
„Се работи за смената А во која имаше околу 60 рудари. Спасени се првите 5-6 рудари кои беа на влезот во рудникот. Се стравува дека се затрупани повеќе од 40. Семејствата на рударите веќе се собираат во Здравствен дом“, вели изворот Курир.
Од централата на рудникот Соко во Ресавица велат дека во моментов не можат да коментираат за несреќата, како и дека полицијата е на лице место.