Роџер Вотерс, легендата на групата „Пинк Флојд“, се пофали на социјалните мрежи дека се оженил со својата партнерка Камила Чавис. Музичарот претходно откри дека ја сретнал Камила на концерт. Таа била возачот на неговиот службен автомобил.
“Мојот чувар седеше со неа напред и тие разговараа додека јас бев на задното седиште. Но, нешто во неа ме привлече. Еден ден ја прашав дали некој и рекол дека има убави јагодични коски”, изјавил Роџер претходно.
Венчавката се случила на имотот на Вотерс во близина на Њујорк, проценет на 68 милиони долари.
„Пресреќен сум, конечно жената што ќе ја задржам“, напишал Роџер покрај фотографиите од венчавката.
Вотерс носел елегантен црн костум и бела кошула, додека Камила била во бела венчаница од чипка.
Не е познат фактот дали Роџер направил предбрачен договор, со оглед на тоа што вредноста на неговиот имот се проценува на 310 милиони долари.
Двојката за првпат се појавила на црвениот килим во 2019 година на Венецискиот филмски фестивал.
Музичарот претходно бил во брак со Лори Дурнинг, Џуди Трим, Каролин Кристи и Присила Филипс со кои има три деца.