Сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, Маријана Новачевска на Велигден стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, денес во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.
-На овој убав ден на овој Велигден станав бабаааааа…многу сме срекни…добро ни дојде на. свет наша Ива сонце наше најмило
Јас баба по втор пат а мојата Маријана за прв пат – напиша Росана на својот Фејсбук профил.
Инаку, Маријана која со семејството долги години живее во Мелбурн, Австралија, работи како стоматолог и се повлече од јавноста и од музиката.