Шпанскиот спортски лист “Дон Балон“ дознава дека трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус е дел од неговиот план по една сезона да го напушти тимот од Торина и замине во Арапските Емирата каде би земал двојно повисока годишна плата од платата во Јуве, односно, фантастични 60 милиони евра годишно.
Ако ја добие оваа плата Португалецот ќе стане апсолутен рекордер по примања во сите колектувни спортови, вклучувајќи ја и НБА лигата. Ако се земе в предвид и премиите од маркетиншките права тогаш Роналдо ќе биде далеку најплатен спортист на светот.
Затоа не е неможно договорот со Арапите тој до го потпише престојниве денови, а летоска да се реализира трансферот во еден од арапските клубови.
Инаку, иако има 34 години, кај португалската фудбалска ѕвезда воопшто не се чувствуваат годините, бидејќи живее здрав живот. Тој оваа сезона на 19 меча за Јувентус постигна 14 гола, со што ја доведе својата екипа на 9 бода разлика, и на чекор на осмата титула во низа.