Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо неодамна го посети Белград за да сними реклама за една спортско обложувалница. Тој рекламата ја снимаше во лифт, во коj се заглавува со една манекенка.
Инаку, во светските медиуми неодамна се појави веста дека легендарниот бразилски фудбалер е пред банкрот бидејќи на својата сметка имал само шест долари. Исто така, Роналдињо треба на државата да и врати долг од два милиони евра, па спасот од бакротот го побара во Србија. Тој снимаше реклама во која дури прозборува и српски. Не е познато колку Србите му платиле за рекламата на поранешниот фудбалер на Барселона и Милан.