Романските медиуми, вчера излегоа со ексклузивна вест, која се поврзува со капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски. Имено, тие биле видени во центарот на градот како вечерале со своите семејства, и покрај строгите мерки, и забраната за напуштање на балонот, во која е сместена македонската репрезентација.
Горан Пандев, бил снимен додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Северна Македонија, од ЕУРО 2020.
Според Романскиот ПроСпорт, капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.
Инаку, македонската репрезентација патува за Амстердам каде ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП против селекцијата на Холандија.