РОМАНТИКА НА КОШАРКАРСКИ ТЕРЕН? Судија го прекина натпреварот, па запроси кошаркарка (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Резултатот од финалниот натпревар меѓу Подгорица и Будуќност од Женската кошаркарска лига во Црна Гора остана во втор план.

Гостинската екипа славеше и го подигна трофејот по натпреварот, но натпреварот го одбележа запросување.

Имено, за време на натпреварот додека кошаркарката на Будуќност, Виолета Лазаревиќ се подготвуваше да изведе слободен удар, главниот судија Стефан Вуковиќ и пријде, клекна на паркетот и ја побара за жена.

Кошаркарката остана во неверување, по што успеа да му каже „ДА“ на својот избраник. Присутните во салата им честитаа со аплаузи и свирежи, додека од паркетот кој нив пристигнаа многу прегратки од останатите кошаркарки.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com