Марија Местер (47), чистачка од Романија и нејзиниот син Емил Богран Савастро, се уапсени за кражба на накит вреден околу 60 милиони долари од домот на Тамара Еклстон, ќерка на поранешниот извршен директор на Формула 1, Барни Еклстон.
Кражбата се случила откако Тамара со сопругот и синот отишле во Лапонија за време на Божиќните празници. Марија е уапсена на аеродромот, во момент кога наводно носела накит од 18 каратни дијаманти идентични со оној украден од богата наследничка.
Кај нејзиниот син, пак, била пронајдена Луј Витон чанта слична на онаа што Тамара ја пријавила за исчезната. Марија е уапсена на 31 декември, додека Емил Богдан бил уапсена претходниот ден додека се подготвувал да лета за Јапонија.Тие се задржани во притвор и треба да се појават на суд на крајот на месецот.
За време на 50 минути разбојниците биле во куќата и успеале да најдат два добро сокриени сефови во плакарот.Разбојништвото се случило вечерта околу 11 часот, само неколку часа откако Тамара и семејството тргнале на нивниот божиќен одмор.