Романката Мадалина Генеа, која живее и работи во Италија, многумина ја нарекуваат новата Софија Лорен.
Сличноста е повеќе од очигледна, а тоа го искористил и режисерот Ридли Скот кој на оваа атрактивна бринета ѝ ја доделил улогата на Софија во филмот „House of Gucci“.
И додека нејзините фанови со нетрпение чекаат да видат како ја одиграла улогата на светски познатата дива, Мадалина моментално ужива во магијата на одморот и семејниот живот.
Таа заедно со ќерката Шарлот се наоѓа во Параџи, Италија, а нивните игри на плажа ги забележале вредните папараци.
Убавицата мамела погледи на плажата со своите заносни облини, а сите забележале дека таа обожува да менува костими за капење во кои изгледала токму како италијанската филмска ѕвезда од 50-те и 60-те години на 20-от век.