За време на викендот жителите на Букурешт биле сведоци на необична глетка, а многумина веројатно мислеле дека сонуваат.
Имено, 45-метарски авион Мекдонел Даглас „се возеше“ низ улиците на романската престолнина, а последна станица му беше општината Клинчени.
На споменатата локација „грдосијата“ ќе биде претворена во дом на новиот сопственик Костин Гаврилеску, пренесува Гандул.
Превозот на патничкиот авион бил доста голем потфат, а покрај тоа што Гаврилеску морал да ги одвои крилата од трупот, властите го запреле сообраќајот и привремено отстраниле неколку електрични столбови и семафори.
Како што е откриено, авионот бил купен на аукција за 36.000 евра.
Новиот сопственик открил што планира да прави со огромниот авион со вкупна површина од 112 метри квадратни.
„Кабината ќе остане како што е, но јас ќе ја претворам во симулатор за летање. Ќе направам дневна соба, место за состаноци, излез на тераса“, рече тој.