Хрватскиот музичар Дино Јелушиќ (29) е новиот член на легендарниот бенд „Вајтснејк“. Информацијата ја потврди Дејвид Ковердејл, фронтменот на „Вајтснејк“, но и Јелушиќ на својот Фејсбук профил.
„Апсолутно сум воодушевен што го поздравувам доаѓањето на исклучително талентираниот Дино Јелушиќ во групата. Го следиме откако пред две години свиревме заедно во Загреб. Многу ќе ви се допадне“, рече Ковердејл.
Инаку, Дино е познат како победник на првата Детска евровизија од 2003 година. Тогаш настапуваше во Копенхаген и ја претставуваше Хрватска со песната „Ти си мојата прва љубов“. Студирал на музичката академија во Загреб, а последните неколку години настапува со американскиот рок-бенд „Транссибиријан оркестра“.