Италиja победи на 65 издание за избор песна на Евровизија, што се одржа во Ротердам, Холандија. Нивниот претставник Måneskin настапи со песната „ Zitti E Buoni“ и со помош на гласовите од публиката успеа да ги надмине фаворитите Малта, Швајцарија и Франција и да избие на првото место.
-Рокенролот никогаш нема да умре, – рече пејачот на групата по прогласување на победата.
Второто место го освои Франција, чија преставничка Барбара Прави освои 499 поени. Таа ја отпеа баладата „Voila“, а третопласиран е преставникот на Швајцарија, Џон Тирс (Gjon’s Tears) кој ја исполни баладата „Tout l’Univers“ и го освои првото место по гласовите на жирито, а вкупно освои 432 поени.
Британскиот преставник не доби ниту еден глас.
Српските претставнички, трите атрактивни девојки од групата „Хурикејн“ со песната „Локо, локо“, иако важеа за фаворитки и миленички на публиката не постигнаа поголем успех. Освои 102 бода и се пласира на 15-то место.
Македонското жири на Србија и’ додели 12 поени. Oстанатите гласови се: Русија (1), Кипар (2), Шведска (3), Исланд (4), Малта (5), Швајцарија (6), Франција (7), Израел (8), Италија (10).