Земјотрес со јачина 5,1 степени по Рихтер утринава го погоди грчкиот остров Родос – пренесува грчки Екатимерини. Според атинскиот институт за геодинамика, епицентарот на земјотресот бил на 37 километри источно од островот, а бил на длабочина од 10 километри.
Афтимиос Лекас, шеф на грчката Организациа за планирање и заштита од земјтреси, рекол дека треба да се очекува нов потрес до 4,5 степени по Рихтер.
Според пишувањата на грчките медиуми, нема повредени и нема причинета значителна матерјална штета.