29-годишниот Томас Хјуз и неговата девојка Ема Тустин (32) се обвинети за убиство на Артур Лабин-Хјуз, кому му е пронајдена „повреда на мозокот што не може да се преживее“ во нивниот дом во Ворвикшир.
Наводно, Тастин му нанела смртоносен удар на детето, а потоа го сликала како умира на подот од ходникот.
Обвинителството навело дека, иако таа го држела телефонот, и биле потребни 12 минути да повика брза помош и дека им кажала на лекарите дека Артур „паднал и додека бил на подот, ја удрил главата уште пет пати“.
На судењето, кое започна вчера пред судот во Ковентри, поротата слушна дека шестгодишно момче со месеци било жртва на злоупотреба и тортура. Артур бил изолиран 14 часа дневно, морал да стои мирен и бил казнет доколку се помести, ги молел да му „помогнат“, не му давале храна и вода и го терале да спие на подот. Обвинителството, кое ја обвинува двојката за суровост кон детето и убиство, изјавиле дека момчето претрпело систематско психолошко и психичко малтретирање со недели пред неговата смрт.
Тастин се бранела тврдејќи дека момчето ги третирало како „го**а“ и дека еднаш ја удрил со челото по лицето.
Еден сведок изјавил дека момчето тајно побарало чаша вода кога Хјуз и Тустин ја напуштиле собата за момент и дека морал да му држи чашата со вода бидејќи момчето било премногу слабо.
Обвинителот Јонас Ханкин изјавил дека облеката на момчето била валкана, дека усните му биле испукани, косата и ноктите валкани и дека бил гладен и болен.
„Сите докази што ќе ги слушнете укажуваат дека Артур бил физички и вербално малтретиран, изолиран, дека неговиот пристап до вода и храна бил ограничен или повреден, дека неговите основни услови за живот: кревет, облека, се одбиени и дека тој претрпел психичка злоупотреба“. кажа.
Момчето било предадено на грижа на таткото и маќеата откако неговата мајка била осудена за убиство во февруари 2019 година.
Обвинителството изјавило дека Тастин го снимила и фотографирала преплашениот Артур и му ги испратила снимките на Хјуз. Едно видео покажува момчето како тивко стои покрај фрижидерот за казна, а на повеќето го прикажуваат како „плаче и завива“.
На 6 мај 2020 година, Хјуз испратил порака до Тастин во која тој и рекол да го натера детето да „стои неподвижно до фрижидерот, некаде надвор, насекаде. Може да го дадеш некому. Фрли го со остатокот од ѓубрето ”
На некои снимки се слуша како момче го моли вујко му да му помогне. „Те молам, те молам помогни ми, нема да ми дозволат да јадам“, вели момчето.
Во еден момент во јуни минатата година, Хјуз им рекол на соседите да не се грижат ако слушнат сомнителни звуци и врисоци од куќата. Ако слушнете како некој вика „не убивај ме“, само игнорирајте го, јас не го повредувам “. Неколку дена подоцна, Артур бил мртов.
Обвинителот, исто така, рекол дека не биле пронајдени траги во куќата во која живеел Артур, освен едно ќебе што било турнато во просторија за складирање под скалите.
Патолозите во својот извештај навеле дека момчето починало од повреда на главата што му ја нанела возрасно лице и дека неколку пати му ја удрил главата од тврда површина.
Лекарите кои се обиделе да му помогнат откриле дека момчето е „отруено со сол“ и дека целото слабо тело му е покриено со модринки.
Тастин признала дека го третирала сурово Артур, дека го принудила да не мрда, дека го изолирала во куќата и физички и вербално го малтретирала, додека неговиот татко ги отфрла тие обвинувања.
Хјуз наводно се променил кога се преселил кај девојката, а неговото семејство забележало дека нешто се случува со момчето во април минатата година, и го пријавиле случајот во Центарот за социјална работа, кој утврдил дека „нема причина за грижи. ” Иако поширокото семејство на момчето забележало модринки по телото на Артур и испратило фотографии во полиција, таа не презела ништо.