Биолошкиот татко на убиениот 15-годишен Себастијан Калиновски ја нарече неговата биолошка мајка „најголемото зло што оди по овој свет“ откако беше осудена на доживотна затворска казна, од која што мора да одлежи 39 години.
Таа е осудена за мачење и убиство на нејзиниот син заедно со неговиот очув.
15-годишниот ученик со месеци бил брутално злоставуван од неговата мајка Агњешка (36) и очувот Анджеј Латошевски (38), мајстор за боречки вештини кој користел стероиди, пишува Дејли мејл.
Тинејџерот постојано бил тепан со даска за кревет, го камшикувале со продолжен кабел и бил прободен со искористени игли што ги користел неговиот очув во домот во Хадерсфилд. Тој починал откако нетретираните повеќекратни фрактури на ребрата му предизвикале сепса и откажување на органите. Голем дел од ужасното злоставување било снимен со систем на видео камери инсталирани околу домот во Хадерсфилд за да го „набљудуваат и контролираат“ Себастијан.
„Го удиравте, клоцавте и го измачувавте неговото тело на ист начин како што правевте со вашата боксерска вреќа. Едноставно не ви беше важно што се случува со Себастијан и не бевте свесни за болката што му ја предизвикувате“, рече судијата за време на изрекувањето на пресудата. .
Попладнево полицијата објави страшно видео на кое се гледа Себастијан пред неговата смрт. Видеото од 22 секунди, снимено од видео надзор, го прикажува тинејџерот како претпазливо оди низ неговата спална соба за да седне на стол.
Во шорцеви и маица, момчето полека се спушта на столот и седи стуткан и свртен кон ѕидот.