Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Не смеете во ниту еден момент кога е во прашање вежбањето на вашето дете да го ставите во втор план или пониско на вашата приоритетна листа. Вежбањето може да замени многу лекови, но ниту еден лек не може да го замени вежбањето.
Со вежбањето децата се развиваат поинаку од оние кои не вежбаат. Најопшто влијае врз целокупен развој и правилен раст. Децата кога почнуваат да вежбаат се развиваат во неколку правци . Го подобруваат имунитетот односно, стануваат поотпорни на настинки и по силни во справувањето со некои заболувања. Изложување на детскиот организам на физички стрес, телото почнува бурно да реагира, со што сите негови процеси во функционирањето ги подигнува на повисоко ниво, што значи процесите се побрзи и поефикасни, а со тоа телото станува посилно.
Вежбањето одлично и успешно влијае како превенција при појава на некој деформитети на локомоторниот апарат, а особено е битно кога знаеме дека резултатите од истражувањата на полето на деформитети на телото дава негативна слика. Исто така е важно да се напомене дека генетскиот фактор игра голема улога, што значи, доколку вие како родител имате некој деформитет, има веројатност, а не мора да значи, да и вашето дете го добие тој или можеби друг деформитет на телото.
Вежбањето кај децата влијае на подобрување на социјалната компонента, односно, децата преку учество и работа во групи со други деца стекнуваат и создаваат нови пријателства, запознаваат карактери, способности, квалитетети. Преку игрите, децата ја развиваат сопствената фантазија учат да соработуваат, најчесто почнуваат и да импровизираат, имитираат и сл. Дружењето во таква средина ги прави поадаптибилни, односно, лесно прифаќаат промена на социјалната средина. Секое ново стекнато другарче го прави вашето дете побогато и посреќно.
Децата преку вежбањето ја развиваат, самодовербата, интелегенцијата, се помалку анксиозни инт. Со учењето на вежбите и игрите децата во себе создаваат нови нервни патишта, со што во иднина би требало да ги прави поумешни, поефикасни и побрзи во донесувањето на одлуки и решенија за проблемите.
Вежбањето од рана возраст кај децата се создава одлична основа во развивањето на моторичките способности кои се клучни доколку сакаат да се бават со спорт. Важно е да се напомене дека одредени моторички способности се генетски и временски детерминирани, односно, точно се знае кога, колку и со какви методи можат да се подобрат, затоа губење време нема, децата мора да вежбаат.