Родителите на децата со вродени срцеви аномалии кои имаат пулмонална хипертензија бараат од Министерството за здравство итно да се стави лекот “босентан“ на позитивната листа, во спротивно децата ќе ја изгубат битката со животот.
Тие за лекот издвојуваат дури и по 3.000 евра, а голем дел од децата лекот го примаат години наназад, а финансиски се исцрпуваат.
Родителите бараат помош од државата а проблемот кај нив е што децата им се со примарна кардиолошка дијагноза, а хипертензијата е секундарна и поради тоа мора приватно да го купуваат лекот од други држави.
Извор: Телма