Родителите на децата од VII/2 клас од училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград кои го преживеаја масакрот, испратиле писмо до Министерството за образование во кое бараат итна суспензија на директорката на ова училиште.
Тие во писмото наведуваат дека бараат „итна и без натамошно одлагање суспензија на директорката на ОУ „Владислав Рибникар“, Снежана Кнежевиќ до завршување на истрагата и утврдување на нејзината лична одговорност за трагичниот настан што се случи и последователниот третман на учениците и родителите од VII/2 одд.“.
Се бара и итна суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан.
Тие ги повториле и барањата поставени претходно:
„• Реконструкцијата на трагичниот настан и статусот на истрагата во врска со него да се спроведе целосно и до крај и за тоа да бидат информирани заинтересираните лица согласно законот,
• што ќе се случи со момчето и каков е статусот на неговите родители бидејќи постои голем страв дека ќе биде на слобода,
• што и како, освен обезбедување средства, конкретно ќе се преземе во врска со предложеното реновирање на училишните простории;
• што конкретно е направено или ќе се направи во врска со нашето барање да се утврди одговорноста на луѓето кои ја објавија листата со имињата на децата од одделението, која го обиколи светот, како и фотографии од родители и деца и дека поради ваквата постапка одговорните се санкционирани согласно законот“, стои во белешката.