Родените во среда многу му ја мислат

by Тони Зографски

Според астрологијата, деновите од седмицата се тесно поврзани со некои особини кои ги карактеризираат лицата родени во тие денови. Поделбата на 7 денови потекнува од старите Вавилонци кои календарот го организирале на ваков начин поради 5-те планети видливи со голо око, како и Сонцето и Месечината. Иако врз личноста влијаат и планетите, картата на раѓање и многу други нешта, еве какво значење има денот на раѓање за вас.

Понеделник
Со овој ден од седмицата владее Месечината, и токму поради нејзиното влијание се смета дека родените во понеделник се одликуваат со силна чувствителност и младешки дух.

Вторник
Марс е планетата која владее со овој ден, па доколку сте родени во вторник, се одликувате со милост и полни сте со енергија и подвижност.

Среда
Поради влијанието на Меркур, лицата родени во среда честопати премногу размислуваат и премногу се грижат.

Четврток
Со овој ден владее Јупитер, а родените во четврток најчесто имаат живот полн со патувања и постојано учат нови нешта.

Петок
Влијанието на Венера е многу позитивно. Лицата родени во петок сакаат од срце и лесно примаат и даваат љубов.

Сабота
Лицата родени во сабота се под владеењето на Сатурн. Овие лица работат вредно и напорно, сериозни се и одговорни.

Недела
Со неделата владее Сонцето. Лицата родени во недела се смета дека се многу великодушни, мудри и имаат фер однос кон другите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com