Тамара Тодевска вчера го прослави својот 36-ти роденден. За разлика од претходните роденденски прослави, овој пат беше малку поинаку.
Наместо дискотека и бројни пријатели, Тамара роденденот го прослави во кругот на своето семејство и нејзините најблиски, меѓу кои и нашата позната манекенка Катарина Ивановска. Со торта со јагоди и најблиските покрај себе, таа со насмевка на лицето уживаше во својот ден.
Тамара вели, најубавата честитка ја добила од Хана, која ѝ пееше „Среќен роденден мама“.
С. С. | Црнобело