Специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи, го прослави 34 роденден. Главниот уредник на ТВ 24, Огнен Јаневски со друштвото на полноќ и приредија големо изненадување на обвинителката.
Тие ја посетија во нејзиниот дом, а изненадувањето го крунисаа со торта на која имаше 34 свеќички. Но обвинителката не доби обична торта, туку свеќичките беа во баница со праз, нејзиното омилено јадење.
„Роденден се слави со торта-зелник со праз! Изненадување – пар екселанс! Сето тоа спремно, а другарите и семејството “злосторнички” се здружија за да не не’ сети роденденката. Специјална торта, за специјалната другарка – ФФ. Честита 34-ка… ова де 23-ка“, напиша Јаневски на Фејбук.