Евелин Милер (31) од Австралија е родена со состојба „uterus didelphys“, односно со два целосно одвоени репродуктивни системи. Тоа значи дека таа има две посебни вагини, два грла на матката, две матки и два јајници, по еден за секоја матка. Таа е мажена, мајка на две деца и може да забремени со двата системи и има интимни односи со двата репродуктивни органи.
Сепак, таа не секогаш знаела дека нејзината состојба е нормална, но ретка.
„Секогаш знаев дека нешто навистина не е во ред со мене кога бев помлада. Добив менструација, но тампоните никогаш не делуваа. Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми дека не делуваат“, рекла Евелин, додавајќи:
„Сексот тогаш ми беше многу, многу чуден. Секогаш кога имав однос, вагините ми се вртеа навнатре, и двете се чувствуваа многу поинаку и не можев да сфатам што се случува.“
Дури кога Евелин забременила сфатила за што се работи. Тогаш имала 20 години, па со оглед на тоа што била сè уште млада за мајчинство, решила да абортира, но на почетокот не одело како што планирала.
„Отидов на абортус, но откако се разбудив ми рекоа дека сè уште сум бремена и дека имам две вагини и дека ќе морам да направам уште еден абортус“, се сеќава таа.
„Значи, тоа беше доста трауматичен начин за мене да дознаам, но и големо олеснување“, изјави Евелин, според „The Daily Star“.
Исто така, сега таа мора да користи два тампони наместо еден.
Исто така, таа изјавила дека има две менструации и дека едната обично трае малку подолго од другата, па затоа мора да комбинира употреба на тампони, бидејќи кога се шират истовремено може многу да боли.
Евелин, која сега е сопруга и мајка, ја има и својата страница „OnlyFans“, вели дека поради нејзината состојба не се чувствува како да го изневерува сопругот, бидејќи едниот орган го користи само за него, а другиот за работа.
„Ако на едниот орган му требаше одмор, го користев другиот. Спиев со повеќе од 500 мажи и никој од нив не забележа дека се разликувам од другите жени. Исто така, фактот што имам два органи ми помогна да ја одвојам мојата работа од приватниот живот. Фрустрирачки е фактот дека морам да правам сè двапати, кога ќе се тестирам за болести или ќе одам на гинеколог, секогаш морам да ги убедувам дека навистина имам два полови органи.
Иако лекарите ѝ рекле дека има мали шанси да роди дете, нејзиниот сопруг Том, со кој се омажила во 2022-ра година, и има две деца, Ендру и Џорџија. Евелин вели дека е пресреќна поради тоа и дека добивала пораки од жени со слични проблеми.
Децата ги родила со царски рез, но самото породување било трауматично.