Најмалото девојче на светот ги изненади сите со својот изглед, лекарите ѝ предвидуваа една година живот, но таа ги демантираше.
Кога се родила, најмалото девојче на светот го добила епитетот порцеланска кукла. Имено, во 2007 година, Ема Њуман и Скот Гарсајд со нетрпение ја очекуваа бременоста на Ема и нетрпеливо чекаа да пристигне нивното четврто дете.
Сè одеше добро, сите во семејството со нетрпение го очекуваа бебето, а потоа еден ден одеднаш започна породувањето, а Ема се породи 4 недели пред терминот. Она што беше огромен шок за семејството на Ема е тоа што Шарлот Гарсајд беше премногу мала кога се роди, со тежина од само 300 грама и долга 25 сантиметри.
Веднаш по раѓањето, Шарлот била прогласена за најмалото девојче на светот, додека многумина беа маѓепсани од нејзиниот изглед. Со текот на времето, нејзиното здравје почнало значително да се влошува.
Лекарите ѝ дијагностицирале на малата Шарлот синдром научно наречен „исконски џуџестизам“, многу ретка генетска форма на вроден џуџест раст, поради што нејзиното тело се развива многу побавно отколку што би требало.
Според некои извештаи, во светот се регистрирани околу 200 случаи на овој синдром. Лекарите ѝ предвиделе краток животен век на малата Шарлот, проценувајќи дека тешко ќе живее подолго од една година. Сепак, Шарлот го докажа спротивното.
Кога се родила, била толку мала што морала да носи облека за кукли, а дури откако пораснала почнала да носи бебешка облека. Шарлот поминала извесно време само апсорбирајќи хранливи материи преку цевка, бидејќи била премногу мала за да ја џвака и вари храната.
На 5-годишна возраст, Шарлот достигнала тежина од 4 кг и висина од 68 см. И покрај ова, таа сè уште е многу активна и весела, се согласува со сите. Без страв и чувство на вина, Шарлот сè уште оди на училиште со своите врсници и учествува во општествени активности.
„Кога првпат се запознавме, сите се плашеа дека ќе биде повредена ако има некаков контакт или допирање, но во реалноста Шарлот е многу непослушно дете. Таа никогаш не седи мирна и сака да си игра, жонглирајќи во воздух“, изајви мајка ѝ Ема.
Шарлот денес има 14 години, а многумина шпекулираа дека е се уште жива бидејќи не се појавува во медиумите. Таа на многумина им станала инспирација дека сѐ е можно во животот и дека треба да се бори.